По двете успешни фестивалски вечери, вчера вечер заврши и претпоследната трета по ред вечер од фестивалот на пивото “Пивофест”. Како што и претходно пишувавме, оваа вечер беше можеби една од најпосетените за разлика од изминатите две. На сцената најпрво се појави Соња Тарчуловска која ја отвори третата фестивалска вечер, а потоа на сцената публиката имаше можност да го види и слушне Миле Кузмановски кој со своите добро познати хитови “Крал без круна”, “Не кани ме”… ја расположи и распеа публиката. По 40-на минути беше најавана познатата хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ која на сцената направи вистинско шоу, ги отпеа и новите песни и се беше совршено, за на крајот на самата вечер се појави и ѕвездата на вечерта Халид Бешлиќ кој едноставно го “растресе” Прилеп со своите добро познати хитови: “Нечу, нечу дијаманте”, “Окуј ме царе”, “Златне струне”, “Миљацка”… и уште многу други на кои публиката едноставно пееше и уживаше во песните.
Во текот на денешниот ден на Музика24 ќе имате можност да го прочитате ексклузивното интервју кое што Халид Бешлиќ го даде за нашиот музички портал и изјавите на Данијела Мартиновиќ по нејзиниот вчерашен настап.
Вечерва е последната фестивалска вечер со која и официјално завршува годинешното единаесето “Пивофест” издание. На сцената, според официјлната програма, ќе се појават Bjorko & Copenhagen Chalgia, Dj Prinsen Paulista, потоа следува Модната ревија на Васидора, Зоран Џорлев и како последен во 00 часот на сцената ќе се појави Горан Бреговиќ со оркестарот за свадби и погреби. Се надеваме дека уживавте во изминатите три пибо фест вечери, вечерва е последната па едноставо уживајте!
Подготви: Александра Блажевска
