Балканленд

Хип-хоп и севдалинка: Амира Медуњанин сними дует со „Хелем Нејсе“

Сараевскиот колектив „Хелем Нејсе“ направи нов чекор напред во својата музичка работа. Со објавувањето на новиот сингл „Ружа“ носат уникатен спој на хип-хоп музика и севдалинка, а за песната придонесе и познатата интерпретаторка на традиционалната босанска песна – Амира Медуњанин.

Дует на најистакнатите претставници на хип-хоп школата во БиХ со сопственикот на единствениот глас опишан од Гардијан како „Балкански Били Холидеј“ на прв впечаток може да изгледа невообичаено, додека логиката на оваа соработка не се стекне со слушање песната. Тоа е песната која го сублимира минатото и сегашноста на овој бенд и го нуди најкомплетното искуство на „Хелем Нејсе“ досега.

„Соработката со Амира дојде од нашата желба да споделиме песна со неа, светски познат уметник. Нашиот член Стихомир Клепиќ го напиша текстот, а преку Дино Шаран (Лету Штуке) успеавме да стапиме во контакт. Уште од првото слушање на демо верзијата, се заљубивме во она што го создадовме заедно“, откриваат членовите на „Хелем Нејсе“.

Ниту почитуваната Амира Медуњанин не го криеше своето задоволство од песната „Ружа“, фасцинирана од текстот напишан за неа:

„Хелем Нејсе напиша одлична песна и се надевам дека ќе допре до срцата на многу луѓе. Тие се одличен тим на млади луѓе со кои брзо се најдов на иста бранова должина“.

„Ружа“ е и првиот сингл од новиот албум на групата, за пролетта оваа година го најавуваат издавањето на четвртиот студиски албум албум кој ќе го носи насловот „Сериозна заебанција“.

Можеби ќе ве интересира: