Најпопуларната женска група во региниот, „Hurricane“, во поп звук ја преработија култната ромска песна „Чаје шукарие“. Новиот аранжман е дело на Дарко Димитров, на хармоника беше Николче Мицевски а машкиот вокал го даде Зоран Милинковиќ. Спотот е во режија на познатиот Дејан Миличевиќ.
