Балканленд

„Hurricane“ влегуваат во „Задруга“?!

Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ од групата „Hurricane“, наводно во септември ќе влезат во реалното шоу „Задруга 5“. Неофицијално тие интензивно преговараат со продукцијата. Ивана била воодушевена од понудата, додека Вучиќ и Кнежевиќ сакале да размислат малку повеќе.

„Продукцијата неодамна ги покани девојките на разговор и им предложи да учествуваат во „Задруга“. Навистина беа изненадени, но им се допадна идејата! Ги убедија дека тоа ќе биде одличен деловен потег, бидејќи ќе имаат бесплатно рекламирање 24 часа на ден. Ивана смета дека одлично би се снашле во „Задруга“ и дека тоа ќе им помогне во кариерата, па ги убедува Сања и Ксенија да се согласат. На состанокот, таа им рече: „Па, и Марија Шерифовиќ влезе во „Фарма“ по Евровизија и видете каде е сега“, раскажува извор од продукцијата.

Според истиот извор, Сања и Ксенија размислуваат во насока дали нивните настапи ќе бидат откажани поради растот на бројот заразени. Ако има нови ограничувања, тие би сакале да го користат времето и да се промовираат во ријалити. Пред конечно да одлучат, Ксенија наводно сакала да се консултира со нејзиниот татко Кнез, кој претходно се испроба во „Survivor“.

Можеби ќе ве интересира: