Балканленд

И годинава „Роса фест“ препознатлив по тамбурашките, патриотски, љубовни, но и тажни песни (Фото)

На 26-ти ноември во Домот на АРМ во Скопје, јубилејно, по 25-ти пат се одржа „Роса фест“. Како и минатите години, и оваа година фестивалот беше ревијален, но со познати македонски музички имиња од фолк сцената. Свои нови песни промовираа и испеаа: Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ленче и Горан Кукиќ, Дамјан Стојановски, групата „Биоритам“… и уште многу други фолк имиња се на се 17 композиции.

Присутната публика имаше привилегија да слушне и весели свадбарски песни, балади, тамбурашки, патриотски, љубовни, но и тажни песни.

Една од оние балади, емотивни и тажни песни беше и “Збогум без збогум” во изведба на Анета Љумаковска, посветена на нејзиниот татко кој оваа година за жал почина, а и за сите татковци кои заминаа во вечноста. Оваа претешка балада е дело на Бојан Здравевски, аранжманот го подготви Љупчо Соколовски, додека пак текстот го напиша познатата новинарка и тв водителка Анита Даева.

Годинава организаторот додели неколку награди за животно дело, а тие им припаднаа на пејачката Смиља Митревска, текстописецот Огнен Неделковски и композиторот Мирче Кикиритков. Сите оние кои што годинава немаа можност да го погледнат во живо „Роса фест“, Алфа телевизија дополнително ќе го емитува на својата програма.

Можеби ќе ве интересира: