Балканленд

И тие не се веќе тоа што беа… инцидент на концерти на познати музички имиња од Балканот (Видео)

По се изгледа дека познатите и популарни балкански фолк пејачки и не се она што се прикажуваат на телевизиските екрани, тв емисиите и подкасите каде раскажуваат и споделуваат се најдобро за своите фанови и публика.

Неодамна на концертот на Драгана Мирковиќ во Крагуевац се случил инцидент. Имено, додека пејачката заедно со маскотата тигар ја пееле препознатливата хит песна „За мене си ти“, непознат маж претпоставуваме голем фан на Драгана се качил на сцената и продолжил да игра на песната. Иако Драгана, откако го виде непоканетиот гостин од публиката, воопшто не реагираше бурно нејзиното обезбедување реагираше и веднаш влета, го зграпчи човекот кој за малку ќе паднеше, а потоа многу грубо го тргна од бината, за малку да го фрли назад во публиката.

А пак на концерт на Лепа Брена на барање на еден нејзин обожавател, пејачката реагирала крајно бурно, иако тој ја замолил да му отпее само една песна по негова желба. Додека таа пеела и играла, еден обожавател го кренал телефонот со името на нејзиниот хит, но фолкерката се свртела кон момчето и арогантно му порачала дека „не пее желби, честитки и поздрави, туку концерти“.

@estradne.istine

Lepa Brena malo popizdila i napala obozavatelja Ali je Kraljica i dalje

♬ original sound – estradne istine

„Јас не гледам. Го држиш телефонот два часа, но како очекуваш да видам што ти пишува на телефонот? Десет од вас го држат телефонот, како го очекувате тоа? Па, не правиме желби, честитки и поздрави, правиме, пееме концерт“, се дерела Брена во микрофонот, видно вознемирена и лута.

Дали после сето ова веруваме дека тие се токму такви како што се прикажуваат во јавноста?!

Можеби ќе ве интересира: