Од неодамна на You Tube каналот на тв Пинк се појави најново видео каде жирито на “Пинкове ѕвездички” остана без текст кога ја слушна композицијата “When i wass your man” во изведба на младиот артист Трајче Георгиев.
“Е вака се пее од срце и душа”, гласеше коментарот на Милан Станковиќ кој додаде дека досега не слушнал некој на толкава возраст без никаква трема да изведе толку тешка композиција. Инаку, Трајче кој е по потекло од Струмица неговиот талент го наследил од неговите родители кој јавно се срамат да го потенцираат тоа, но со оглед дека младиот изведувач веќе е хит со неговата изведба и секојдневно се полни гледаноста даде до знаење дека неговата музичка кариера е на самиот врв.
А како звучи самата изведба, слушнете во продолжение.
https://www.youtube.com/watch?v=iePqEO2q4lk
Подготви: Редакција Музика24
