Од денес е во продажба новиот студиски албум „Инаморана“ на познатиот Тончи Хуљиќ и неговиот придружен бенд „Мадре Бадеса“. На четвртиот студиски албум му претходеа одлични изданија „Ка хашиш“, „Паника“, „Типо примитиво/Пијано примитиво“, а во последните неколку години Тончи и неговата придружна група „Мадре Бадеса“ собраа доволно хитови за best of компилација.
Новиот албум за кој Тончи вели дека е создаден поради прекумерно време и инспирација и е составен од екстремни емоции. Содржи вкупно единаесет песни напишани од Вјекослава Хуљиќ на тврдиот сплитски веловарошки дијалект, што е комбинација на италијанизам, франкофонија, турски и стар сплитски мајчин јазик.
Во продолжение слушнете ги двете објавени песни со спот:
Подготви: Редакција Музика24
