Балканленд

Јана Бурчевска ја одржа првата проба во Киев (Видео)

Овогодинешната македонска претставничка на Изборот за песна на Евровизија, Јана Бурчевска, вчера ја имаше својата прва проба на евровизиската сцена во Киев, Украина каде ќе настапи во второто евровизиско полуфинале на 11 мај.
Според најавите Јана ќе носи креација на дизајнерката Антонија Ристовска и ќе настапува сама на сцената, без придружба на танчери.
За потсетување, првата полуфинална вечер ќе одржи на 9 мај, втората на 11 мај а големото финале е закажано за 13 мај.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: