Балканленд

Јелена Розга ги налути своите српски колеги

Српските медиуми на големо пишуваат за хрватската поп пејачка Јелена Розга која намерно или не, ги налутила своите српски колеги. Таа на снимање на една телевизиска емисија наместо порано или навреме, доцнела цели три часа. На таа нејзина постапка реагирале нејзините колеги, познати и звучни музички имиња кои меѓудругото рекле дека која и да е Розга се однесува непрофесионално и некоректно кон медиумот и кон нив.

Кога хрватската пејачка се појавила таа имала барање до уредниците на емисијата прва да биде снимена и веднаш потоа да си замине на што реагирале останатите гости – нејзини колеги кои чекајќи три часа едноставно се прашувале што се случува и дали воопшто ќе има снимање.

Српската позната фолк пејачка Снежана Ѓуришиќ која прашувајќи се која е Јелена Розга, веднаш по објаснувањето не можела да сфати како може толку позната и популарна музичка ѕвезда да биде толку неодговорна и непрофесионална.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: