Јелена Розга вчера вечер на својот Facebook профил се пофали дека снима нова песна која за неколку дена ќе излезе и јавноста ќе има можност и привилегија да ја слушне. Таа досега го има снимено само својот вокал, додека и самата Розга е нестрплива да ја слушне комплетната верзија на песната “Животот е чудо”.
“Еј, се уште сум жешка. Излегувам од студиото каде тукушто ги снимавме вокалите за новата песна. Еве мало парче демо снимка, зошто претпоставувам како и вие и јас мнооооооогуууу сум нестрплива да ја слушнам комплетната верзија на песната. А, песната и спотот ќе бидат завршени за неколку дена. Ве сакам”, напиша вчера вечер Јелена Розга на својот Facebook профил. Веруваме дека и оваа песна премиерно ќе имаме можност да ја слушнеме на “Пивофест” каде Розга настапува на третата вечер, односно во сабота 19-ти јули.
За што станува збор, преслушајте во продолжение…
Магдалена Атанасовска
