Денеска се навршува тажна годишнина од смртта на пејачот Маринко Роквиќ. Семејството на пејачот реши да ја претстави последната песна што Маринко ја сними непосредно пред да дознае дека боледува од страшна болест, токму на годишнината од смртта на оваа легенда.
Насловот на песната е „Te noći kada umrem“, а многумина веруваат дека пејачот со оваа песна ја претчувствувал смрт.
Te noći kada umrem, kad se stare ljubavi vrate, te noći nek me njenom pesmom isprate. – се стиховите на последната песна на роквиќ.
Јавноста за оваа песна ја информираше синот на Маринко, Никола Роквиќ, кој на Инстаграм објави дел од песната заедно со семејни фотографии.
Легендите никогаш не умираат! Можеби само понекогаш одат во други светови за да однесат љубов, радост, среќа и искрени емоции и таму! Со гордост ви ја најавувам последната песна на нашиот татко Маринко, песната што ја снимил неколку месеци пред да открие дека е болен! – напиша Никола Роквиќ на Инстаграм.
За потсетување, Маринко Роквиќ почина на 6 ноември на 68-годишна возраст, откако се бореше со тешка болест. Зад себе остави три сина, внуци и сопругата Славица, како и бројни хитови.
