Поп дивата Калиопи трогната од смрта на Балашевиќ, за српските медиуми изјави;
“Една човечка величина ја нема, овој пат крунисана со вистинитоста на стиховите што засекогаш ќе сведочат за него, за нас и за нашите животи… Со неверување ја примив веста за вечното заминување на Балашевиќ… збунето. Како мало дете на кое му беше одземено детството. Тој беше дел од мојата младост, растејќи, стекнувајќи мудрост, поет на кој му верував”, започна поп дивата за српски “Курир” и додаде:
“Во земјата што ни го даде на нас… на сите нас… Македонија отсекогаш го сакаше, а тој исто така ги сакаше своите Македонци … Јас сум многу тажна, но и бескрајно благодарна што живеев во негово време. Му оддавам почит на неговата поетска душа, која сега патува до вечноста”.
Таа исто така се збогуваше со кантавторот преку Инстаграм, цитирајќи ги стиховите од неговата песна „Конечно“.
