Многумина кога ја слушнаа информацијата дека Карлеуша има желба да направи концерт на Ушче се забезекнаа. Зар ова не е преголем залак за нејзе? Да не го заборавиме фијаското кое го имаше во Скопје, каде едвај се продадоа 200 карти, но Карлеуша е убедена дека ќе успее и ги започна подготовките. Да бидеме реални првиот концерт кој го имаше во Белградска арена беше вистински спектакл, досега не видено шоу на Балканот, имаше прекрасно новогодишно телевизиско шоу кое може рамо до рамо да се носи со она кое го прават Лејди Гага, Бионсе, Мадона…
Концертот ќе се одржи на 15-ти јуни на Ушче, а посветен е на сите посебни, несватени, но и на сите жени кои се пред времето. Жени кои го одбележиле своето време, својот народ, својата држава, сите оние кои се прифатени после смрта. Концертот ќе биде во уметничка форма. Организатор на концертот е Рака Мариќ и Music Star Production. Пред концертот Карлеуша планира да сними нова песна со старата екипа од “Атеље траг”.
“Новата песна нема уметничко име, се вика “Ферари”. Воопшто не е толку лошо како што звучи, се работи за жена која изледа како ферари”, открила Карлеуша. Малку r’n’b, малку хип хоп и повторна соработка со Neshom i Teror Tečom. И посакуваме среќа!
Подготви: Редакција Музика24
