Фолк ѕвездата Драган Којиќ – Кеба реши да го освои грчкиот пазар, па ја објави песната „1.000 fores“, или „1.000 пати“, која сега ја отпеа на грчки јазик. Станува збор за композиција на Румен Борилов, за која Кеба го напиша текстот и минатата година ја отпеа на бугарски, со неколку стихови на ромски.
Сега реши да ги доближи стиховите „1.000 пати да ти кажам дека те сакам, 1.000 пати да те молам за љубов, 1.000 пати да ти се заколнам, дека само те сакам за сите времиња“ да им го доближи на Грците. Спотот е веќе снимено и се емитува на грчките телевизии. Останува да видиме дали Кеба ќе го исполни својот долгогодишен сон да остави сериозна музичка трага во Грција.
Кеба во 2018 сними и песна на македонски јазик под насловот „Животот нема боја“.
Во продолжение чујте го Кеба на грчки, бугарски и македонски.
