Вчера вечер заврши долгото регионално и најгледнао тв шоу “X Factor Adria”. Во текот на целото шоу Музика24 преку својата новинарска екипа која беше во Белград во Конбанк Арената Ве известуваше за сите случувања поврзани со истото. Но, многумина се прашуваат и веројатно не знаат што добиваат како награда прво, второ и трето пласираниот во ова шоу.
Нашиот единствен македонски финалист и воедно победник на првата сезона на “X Factor Adria” доби 10.000 илјади евра парична награда, автомобил Мини Купер, животно осигурување, издавање на албум од издавачките куќи “City Records” и “Sony Music”, снимање на музички спотови, како и PR поддршка на српската и сателитска тв Пинк, зад која стојат мноштво на телевизиски канали кои се емитуваат и гледат низ Балканот и ширум низ светот. Второ пласираната Тамара Милановиќ, од продукцијата – организатор на ова шоу доби 5.000 илјади евра, додека Маид Хачимовиќ кој го освои третото место доби пакет производи од Samsung.
Од продукцијата која што го организираше ова гламурозно шоу, велат дека “City Records” и “Sony Music” ќе имаат можност да одберат уште натпреварувачи на кои ќе им помогнат да ја изградат својата музичка кариерата.
Подготви: Влад Петров
