Балканленд

Кој го налути Боки 13?!

Подолг период е во медиумска изолација, но често на својот фејсбук профил пишува статуси кои го привлекуваат медиумското внимание. Овој пат Боки е револтиран од естрадата, тој синоќа на својот профил го напиша следново:

“Каков и да сум, среќен сум што не сум газолижач, полтрон, среќен сум што не сум како 90 проценти од естрадата, фуј, до кога ќе се понижувате за 5 минути на тв и на страниците на весниците, па каде ви е достоинството и гордоста?!? Па токму поради такви како вас естрадата е на најниско ниво досега, и поради таквите како вас со естрадата командуваат слепи, сакати, полуретардирани и морално хендикепирани личности… фуј. Јас бев и ќе останам свој командант, не ме интересира вашата лажна фејк естрада и естрадното исфустрирано друштво!, напиша доцна синоќа Боки на својот фејсбук профил.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: