Директорот на Косовската радио телевизија, Шкумбин Ахметекај најави дека оваа медиумска куќа на крајот на годината ќе побара членство во Европската радиодифузна унија, што е предуслов за учество на Евровизија. Косово со години сака да учествува на споменатото натпреварување, а не успеваат во тоа. Според Ахметекај сега шансите им се поголеми.
На крајот на годината или на почетокот на следната година ќе аплицираме за членство во ЕБУ. Сега веројатно нашите шанси се поголеми, поради исклучувањето на Русија и Белорусија од натпреварувањето – изјави Шкумбин Ахметекај.
Да потсетиме, Русија и Белорусија годинава добија забрана за учество на Евровизија поради конфликтот во Украина. А вообичаено тие се најверни сојузници на Србија во блокирањето на интеграцијата на Косово во меѓународните организации. Сепак, членството не е сосема извесно и покрај отсуството на Русија и Белорусија. Имено и 5 земји членки на ЕУ и ЕБУ, како Грција, Шпанија и Кипар не ја признаваат независноста на Косово.
