Таа е една од најголемите балади на „Прљаво Казалиште“. Заснована е врз вистински настан. Приказната вели дека еден член на овој бенд, Јасенко Хоура, имал девојка и кога отишол во војска, тој ја прашал дали ќе го чека. Таа му одговорила потврдно. Меѓутоа, кога Јасенко се вратил од војската, групата имала закажано свирка за една свадба, а тоа било нејзината венчавка. Во друга верзија на таа приказна, девојчето го видело Јасенко и наводно веднаш се застрелало во главата.
Која и да е верзијата, песната буди премногу емоции и спомени кај сите оние кои некогаш биле изневерени.
