Балканленд

Лепа Брена емотивно се „скрши“ на концерот во родниот град (Видео)

Една од најголемите регионални ѕвезди Лепа Брена одржа концерт во родниот град Тузла. Очекувано, вечерта беше исполнета со емоции, а додека ја изведуваше песната „Немам друг дом“, Брена плачеше и не можеше да се смири неколку минути. Емоциите очигледно беа посилни од неа, па пејачката плачеше неколку минути, а потоа го покри лицето со рацете. Во еден момент, нејзиниот придружен вокал ѝ пријде и ѝ ги подаде марамчињата.

Сепак, ниту тоа не помогна, па Брена продолжи да плаче додека салата одекна: „Брена, те сакаме!“

Како што емоциите стануваа сè посилни, во еден момент до неа притрча еден член од тимот и ѝ донесе вода за да не ѝ се слоши. По речиси пет минути драма и емотивен набој, таа малку се смири, а потоа на сцената изведе вежба за дишење за да продолжи да пее.

Можеби ќе ве интересира: