Фолк ѕвездата Лепа Брена, 30 години по последниот филм “Ајде да се сакаме 3” ќе глуми во филмот “Синиот сафир”. Во филмот главна улога имаат Андрија Милошевиќ кој исто така е еден од режисерите на филмот.
Во оваа комедија Андрија Милошевиќ го игра пејачот Сафир, додека Милош Биковиќ е неговиот менаџер Бојан, а Брена ќе се игра самата себе си. Андрија всушност игра фолк пејач кому менаџерот и Брена му помагаат за заживување на пропадната музичка кариера.
“Имаме желба во филмот да се појават музички и актерски легенди, но сеуште не можам да откривам имиња. Наша цел е јунакот на овој филм да го прикажеме како добар, чесен и искрен човек. Во филмот ќе пеам сосема нови песни кои сам ги пишувам, дел од нив се веќе готови”, изјави Андрија Милошевиќ.
Освен Андрија, режисер е и Марко Јоциќ. Филмот доби 22 и пол милиони динари од Филмскиот центар на Србија.
