Балканленд

МЕДИУМСКА БОМБА И СКАНДАЛ НА ГОДИНАТА Лукас тврди: Карлеуша водела љубов со Шолак, а ова се деталите за врската

Фолк ѕвездата Аца Лукас е шокиран од фактот дека некои негови колеги инсистираат на сите можни начини за отворање клубови и кафулиња во време кога коронавирусот однесе голем број животи, а состојбата со пандемијата не се смирува.

Како што тврди, Лукас е најмногу изненаден од фактот што се одржаа протести пред Собранието на градот Белград, и дека истите ги поддржа неговата поранешна пријателка, пејачката Јелена Карлеуша. Во интервјуто за „Ало“, фолкерот упати шокантни обвинувања против Карлеуша и како што тврди, има докази за нив.

“Како и секогаш, имам докази за сè што ќе кажам. Во моментот кога Шолак беше во преговори за купување на „Гранд“, Јелена Карлеуша се врати да биде член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ затоа што Саша Поповиќ и Лепа Брена, по сите навреди што ги упати кон нив, ни мртви не би ја вратиле. Па, секој го знае тоа!”, рече Лукас во интервју за „Ало!“

Одкога оваа вест излезе во српските медиуми се огласи и Карлеуша:

“Згадена сум од големата количина на лаги на Аца Лукас. Ќе прашав дали се дрогира, но тоа е непотребно прашање, одговорот веќе го знаеме!Ацо срам да ти е!”, напиша пејачката

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: