Балканленд

Маца Маринковиќ гостува во Скопје и Битола

Хит комедијата „Каква ти е жената, таков ти е животот“ на Драган Маринковиќ Маца на 28-ми мај гостува во Центар за култура Битола а ден претходно во Филхармонијата во Скопје.
Бракот е претставен на посебен начин кој никого не остава рамнодушен!
Феноменалниот комичар со шегите за односот помеѓу мажот и жената, за вечните прашања на оваа тема, насмеа над 40.000 гледачи кои за возврат воодушевено му аплаудираа во секоја сала во која настапуваше во период од 12 месеци. Овој харизматичен актер уште еднаш покажа зошто е препознатлив како еден од омилените комичари на овие простори.
Морам да кажам дека секоја претстава што ја играм во различни градови во регионот помина, можеби не е скромно да се каже, но, совршено. Коментарите и реакциите на публиката се секогаш одлични, над моите очекувања. Знаев дека претставата е добро, но дека е толку добра, ме изненади. Зборувам за тема која нẻ засега сите, таа е проткаена со мноштво емоции, независно што во одреден момент ја доведува и публиката со солзи. Приказната е за машко – женските односи од сите агли, ја отсликува нивната реалност и времето во кое живееме. – вели авторот на претставата Драган Маринковиќ.
Претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“ ќе ве натера добро да размислите за себе и за светот околу вас, бидејќи ние сме генерации кои не сакаат врска. Ги прелистуваме апликациите со надеж дека ќе ја најдеме вистинската личност. Би сакале да ја нарачаме нашата сродна душа преку Интернет, читаме „Пет начини да дознаете дали му се допаѓаш“ и „Седум начини како да ја освоиш“ мислејќи дека можеме да ја програмираме и личност за врска како и онлајн проектот. Сепак, ние сме тие кои не сакаат врска. Дојдете на доза смеа, искрен хумор и загарантирано добро расположение! Билетите се веќе во продажба преку mktickets.mk, билетарите на Филхармонија и Центар за култура – Битола.

Можеби ќе ве интересира: