Девојката која со нејзиното појавување на аудицијата на “Ѕвездите на Гранд” направи хаос со тоа што од самиот почеток се издвои со енергијата која ја поседува ги сними кадрите за новото видео за песната “Алиби”. Режисер на ова видео е Димитрија Јоковиќ и “Toxic entertaiment”.
Во видеото се појавува и српската актерка Драгана Мичаловиќ. Милица и овој пат не ги промени нејзините соработници кога е стајлингот во прашање. Сцените за видеото се снимени на различни локации, во спотот ќе преовладува интересна сценографија и многу реквизити. Ова задоволство Милица ја чинело 20.000 илјади евра. За музиката биле задолжени Атеље “Траг” истите автори на песните на Карлеуша, а за текстот бил задолжен Вукашин Билановиќ. Погледнете ги ексклузивните фотографии од снимањето.








