Речиси сите зборуваат за тоа, речиси сите го споделуваат на социјалните мрежи неговиот настап кој се случи пред неколку дена во регионалното музичко тв шоу “Ѕвездите на Гранд”, кое што се емитува на националната Канал 5 телевизија. Младиот прилепчанец Ален Хасановиќ сите од жирито ги вчудоневиди со својот глас, а секако поддршка му дадоа и главните “виновници” и сопственици на Гранд продукција Саша Поповиќ и Лепа Брена наградувајќи го со аплауз.
Младиот Хасановиќ пред жирито се претстави со песна од Здравко Чолиќ “Као моја мати”, голем балкански хит, кој младиот пејач го донесе на сцената дури подобро и од оргиналната верзија. Жирито составено од познати балкански фолк пејачи нерзамислувајќи еден по еден го даваа словој глас, со што 22 годиншниот Ален влезе во вториот круг од ова регионално музичко тв шоу.
Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете силниот и енергичен настап на овој млад пејач кој заедно со уште неколку македонци, не претставуваат во ова шоу.
Подготви: Влад Петров
