72-годишниот пејач Мухарем Сербезовски, кој е роден е во скопската општина Шуто Оризари, неодамна беше опериран во Турција.
Тој во декември првично бил опериран во Општата болница во Сараево по несреќа на снимање на емисија каде го повреди колкот. Тој долги години живее и работи во БиХ а сега сака да се врати во Србија.
Некако размислувам за мојата ера во ’62 кога ја направив првата плоча. Мојата желба е да се збогувам со публиката додека сум уште актуелен, не сакам да ме брзаат, сакам да одам сам. Прво сакав да се збогувам пред неколку години, но Синан Сакиќ и Рамо ми предложија песна „Последњи аплауз“. И им велам дека сакам да си ги спакувам куферите, дури во рефренот велам „Кому му требам ваквов, со моите тажни песни“. А, Синан ми вели, „па, ни требаш баш таков“. Сакам да се вратам во Белград, овде станав ѕвезда. Тука ќе ја започнам и ќе ја завршам кариерата, а турнејата ќе ја подготвувам една година. Сакам билетите да бидат што поевтини, дури и да не заработам пари. Тие што ме воздигнаа нека ме испратат, а тоа се пензионери сега. – вели Сербезовски.
