Балканленд

Music Awards Ceremony и Уницеф заедно во хумана мисија

Најголемата регионална манифестација за доделување музички признанија Music Awards Ceremony (MAC) powered by MaxBet во организација на Скајмјузик, се одржува по трет пат на 25-ти и 26-ти јануари во Штарк арената. Настапите на претставниците на музичката елита на поп, алтернативниот поп, рок, рап/хип-хоп, светска музика и фолк музика ќе ја освојат MAC сцената на првиот ден, додека настапите на најголемите музички идоли на трап, дрил, балкански дрил урбан поп и поп-фолк музика се резервирани за вториот ден од церемонијата. Како и во претходните изданија, и MAC 2023 се реализира во соработка со Уницеф, оваа година за програмата „Подобрување на менталното здравје на децата и младите“.

Како што информираат од Скајмјузик, единствената категорија во која ќе се гласа преку СМС е Албум, а целиот приход ќе биде пренасочен во Уницеф за оваа намена.

„Покрај немерливиот придонес за развојот на музичката индустрија во регионот, притоа потврдувајќи ја исклучителноста, соработката, толеранцијата и различноста, сакавме да ја искористиме силата што ја имаме и со свој ангажман да помогнеме да ја подигнеме свеста кога станува збор за некои од актуелните проблеми што ја засегаат помладата популација. Наш партнер од самиот почеток беше УНИЦЕФ, а оваа година сме фокусирани на менталното здравје на младите. Тоа е тема која стана уште поактуелна со пандемијата и пред која не смееме да затвораме очи. Драго ми е што Скајмјузик и MAC можат активно да учествуваат во подобрувањето на квалитетот на животот на младите, затоа решивме сите приходи од СМС гласовите да ги пренасочиме кон Уницеф, со кои имаме одлична соработка, уште од првото издание на церемонијата“, вели Миленко Шкариќ, сопственик и основач на Скајмјузик.

„Со задоволство ја продолжуваме соработката со Music Awards Ceremony (MAC) и Скајмјузик. Оваа година нашата соработка се фокусира на поддршка на програмата „Подобрување на менталното здравје на децата и младите“. Многу е важно ваквите големи и значајни настани да имаат и аспект на хуманост. Огромното медиумско внимание што го има овој настан и импресивниот број на учесници овозможуваат хуманиот аспект на настанот да го сврти вниманието на пошироката јавност на некои од важните проблеми со кои се соочуваат децата и младите, како и да се помогне финансиски во решавањето тие проблеми“, вели Дејана Костадинова, директорка на Уницеф во Србија.

Можеби ќе ве интересира: