Изминатиот викенд во Хрватска се одржа 54-то издание на Сплитскиот музички фестивал кој беше исполнет со многу хитови и песни кои вредеше да се слушнат. Но, една од песните беше дисквалификувана. Станува збор за хрватската пејачка Лидија Бачиќ која беше дисквалификувана поради плагијат на песна од нашата македонска поп пејачка Тијана Дапчевиќ. Таа на овој фестивал настапила со песната “Криви човјек”, што е всушност истата песна на Тијана “Погрешан човек” што таа ја изведе пред пет години.
“Песната не е плагијат. Миро Буљан ми ја понуди таа песна, бидејќи сметаше дека јас би можела да ја отпеам најдобро. Не бил задоволен од изведбата на Тијана Дапчевиќ”, изјави за медиумите пејачката Лидија Бачиќ. Таа во изјавата додава дека авторот на песната има право своите песни да ги продава во секоја друга држава само еднаш и дека нејзината изведба во никој случај не може да се спореди со таа на Тијана. Што ќе каже за ова нашата македонска евровизиска претставничка наскоро ќе дознаеме, а во меѓувреме, споредете ги двете песни и секако разликата на изведбите. Што мислите, која изведба е подобра?!
Тијана Дапчевиќ – “Погрешан човек”
https://www.youtube.com/watch?v=WPPekllYO5E
Лидија Бачиќ – “Криви човјек”
Подготви: Елена Ивановска
