Балканленд

Срам: Народе, овие не плаќаат сметки! (Фото)

Наместо новогодишна честитка на многумина од српската естрада на домашната адреса им стигна поздрав од суд, поради не платени сметки. Српските јавни личности во Новата 2014-та година ќе влезат со долгови. Како што покажува јавниот регистар, покренати се судски спорови во Белградскиот суд. Пејачите, глумците, политичарите и останатите “фаци” најчесто не сакаат да платат телефон, паркинг, комуналии на нивните бројни имоти.

По ова излегува дека на Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ ќе му падне круната доколку ги плати долговите за паркинг. Против него уште во 2005-та година покренат е судски спор за не плаќање на паркинг и од тогаш, ги наредил уште три, вкупен долг му е 35.000 динари.

113 години му се провлекува долгот за мобилен телефон од 14.000 динари. Но, во семејството на Шаулиќ, сепак шампион е сопругата на Шабан. На банки, мобилни оператори и Електродистрибуција должи 745.904 динари. По се излгледа и нивните деца го наследиле примерот на нивните родители, нивниот син Михајло на мобилен оператор должи 38.283 динари, а Санела нивната ќерка должи 21.460 динари.Кога ќе се собере се Шаулиќ должат скоро милион, а тешко е да се најдат поради тоа што често ја менуваат адресата на живеење. Најчест посетител на судот, Јелена Карлеуша ќе биде поканета во судница за спорот со Паркинг сервис на која должи 31.875 динари. Нејзината мајка Дивна, нема проблеми со паркирање, но затоа има со мобилен оператор на кој должи 200.000 динари.

5Естрадниот клан Џогани се теретат за долг кој изнесува 200.000 динари. Половина на овој долг му припаѓа на Андрија, познат како Баки-Б3 и Силвија кои должат на мобилен оператор 27.000 динари, а Гаги-Фанки Џ има два не решени случаи и долг од 53.327 динари, исто поради мобилен оператор.

3“Јас не ги знам моите долгови, но ќе ги платам”, дал ветување фолк пејачот Џеј кој е на тапет на судот поради долг за паркинг и мобилен телефон кој изнесува 286.042 динари.

4Листата на естрадни должници продолжува со актуелниот член на жирито на “X Factor” – Жељко Јоксимовиќ кој има пет спорови со “Инфостан”, поради не платен долг од 665.000 динари и тоа за стан во кој живее неговата бивша сопруга и ќерка. Долгот не е само што не е намален во изминатата година, тој е дуплиран. Јоксимовиќ од 2010-та година е даден на суд поради не платена сметка за мобилен телефон која излесува 3.987 динари. Долговите на Марија Шерифовиќ покажуваат дека таа е лош возач и за паркинг должи околу 70.000 динари, а за телефон околу 24.000 динари. Некои од неплатените сметка стари се осум години.

2Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: