Српската поп пејачка Наташа Беквалац очигледно има “проблем” со поранешното момче, ракометарот Љуба Јовановиќ. Додека таа имала настап на еден познат белградски сплав, во публиката се нашол токму тој, нејзиното поранешно момче со кој што таа на неколку пати ја обновуваше па раскинуваше врската. Како што пишуваат српските медиуми, ракометарот цела вечер бил во сепарето на Беквалац каде што била и нејзината сестра Кристина со која што тој се дружел. По се изгледа дека таа сака да биде во придружба на некое од поранешните момчиња кои што ги имала.
“Одлично поминав на својот настап. Беше лудо. А Љуба на сплавот беше дојден само како пријател”, изјавила пејачката за српски портал. Дали е ова можеби предзнак дека таа наскоро ќе биде повторно со ракометарот Љуба Јовановиќ, останува да видиме.
Подготви: Елена Ивановска
