И откако заврши првата сезона на популарното балканско музичко шоу “X Factor”, младата босанка Илма Карахмет не престана со своите изјави во медиуми. Откако имаа интернет војна таа и Емина Јаховиќ како дел од жирито, даде изјава во медумите дека на повеќето финалисти не им е таму местото и не се појави на концертот на Кики Лесендриќ кој исто така беше дел од жирито на шоуто, Илма во гостувањето во “Ami G show” изјави дека на големото супер финале се видела со Емина која што пак не се ни свртела да ја погледне, а претходно таа со Кики се видела и разговарала кој што и кажал дека е многу разочаран. Поради тоа, таа жали што пеела и воопшто учествувала во шоу каде токму тие биле жири. Инаку, таа воедно во ова шоу го најавува и својот прв сингл кој наскоро би требало да го претстави пред балканската јавност.
Во продолжение, погледнете исечок од гостувањето на Илма во познатото српско шоу и погледнете за што точно таа говори на следниот линк: Илма Карахмет – “Ami G show”.
Подготви: Влад Петров
