Балканленд

Официјално соопштение: Три нови девојки ќе ги заменат Сања, Ксенија и Ивана

По пет години успешна соработка, која го достигна својот врв оваа година, групата „Hurricane“ повеќе нема да продолжи со истиот состав, односно претходните членки Ивана Николиќ, Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ повеќе нема да бидат дел од групата. На Сања, Ивана и Ксенија им истече договорот за деловна соработка.

Во оваа прилика се огласи ПР тимот. Воедно открија дека новата постава ќе почне со работа овој септември.

 Ве известуваме дека денеска и официјално заврши договорот со членките на групата Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ. Истиот ден беше формиран нов состав на групата „Hurricane“: А.К. (26), А.Ј.(22) и М.С.(20).

Во чест на претходните членови одлучено е тие да бидат „Hurricane 1“ а новите членови да го носат симболичното име „Hurricane 2“. Според новата програма во текот на септември ќе снимаат две песни, а со публиката и фановите ќе се дружат од 4 до 6 години. За официјалното претставување се очекуваат информации во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира: