Балканленд

Проштална турнеја: „Лачни Франц“ заминува во историјата

Легендарниот словенечки new wave бенд „Лачни Франц“, под водство на Зоран Предин завршува со својата работа по 43-годишна кариера. Тие ќе одржат проштален концерт во сабота на 1-ви октомври во Домот на млади во Белград.

Дојде време да се збогуваме онака како што заслужуваат нашиот бренд и бенд. Оваа есен се збогуваме со нашата публика со серија концерти во регионот, под заедничкото име „Големо финале“. Концертната програма е избор на песни од сите наши албуми. Во 43-те години од кариерата на бендот, објавивме 13 студиски албуми, 2 албуми во живо и 4 компилации. Свиревме преку 2.000 концерти. Од 1.1.2023 година „Лачни Франц“ ќе замине во историјата. – вели фронтменот на бендот Зоран Предин.

Во безвременските стихови на песните на „Лачни Франц“, текстописецот Зоран Предин провоцира со иронија и сарказам, палаво ги испреплетува еротиката со политиката и општествените табуа со мрачен хумор. Повеќето текстови се скоро секогаш двосмислени, што им дава и препознавање и алиби. „Лачни Франц“ од 2014 година настапува во подмладен состав. Анеј Кочевар (бас), Лука Чадеж (тапани), Боштјан Артичек (клавијатури) и Тине Час (гитара).

Не се заситивме од бендот, но објективни околности (тимот се вработи и беше доволно возрасен за да основа семејство) не доведоа до одлуката. Нашата одлука не е од комерцијална природа, туку разумна реакција на зрел тим кој ги реализирал своите приоритети во животот. Живеам од музика, па продолжувам по мојот пат. Имам уште неколку проекти кои треба да ги реализирам во различни музички жанрови. За почеток, албумот „Почасни круг“ со Загрепската филхармонија, кој треба да излезе на крајот на ноември.

Можеби ќе ве интересира: