Кон средината на мај минатата година беше објавено дека пејачката Северина поминала два часа на распит поради пријавата што против неа ја поднесе директорката на основното училиште „Матија Губец“, поради обвинувањата дека Северина се заканувала на 10-ти март 2020 година. Сепак пријавата била отфрлена. Адвокатот на пејачката, Јасминка Билош се обрати до медиумите и откри дека кривичната пријава против Северина е одбиена.
“Би сакале да Ве информираме дека кривичната пријава против Северина Којиќ поради кривично дело закана од чл. 139 ст. 2 и 3 од Кривичниот законик, е отфрлена со Одлука на општинското државно обвинителство од 29 јуни 2020 година под број КП-ДО-3339/20 “, бидејќи не било утврдено дека постои основано сомнение дека Северина Којиќ го извршила пријавеното кривично дело. Северинa го доби известување од обвинителство на 15-ти март 2021 година”, изјави адвокатката.
Да потсетиме, директорката на училиштето во кое одеше синот на Северина поднесе пријава поради настанот што се случил на 10-ти март минатата година, кога пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ дошле да го земат својот син на училиште. Наводно, наставниците не му дозволиле на Игор Којиќ да го земе детето, а потоа Северина им рекла да му пренесат на директорката дека она што го прави воопшто не е правилно и дека ќе се видат на суд. Поради оваа изјава, која директорката ја сфати како закана, таа решила да го пријави целиот случај во полиција.
Подготви: Редакција Музика24
