Балканленд

Откако помина еден месец во болница, Саша Ковачевиќ видно ослабен и се обрати на својата публика (Видео)

Поп-пејачот Саша Ковачевиќ изминатиов месец имаше здравствени проблеми поради кои се повлече од јавноста. Во Ургентниот центар бил примен на 20-ти мај, откако му била лоша крвната слика и почувствувал слабост. Саша изгледал лошо. Лекарите веднаш му го отвориле досието и го испратиле на испитување. Направени му биле детални анализи, но крвната слика не му била добра, а информацијата дека на пејачот не му е добро ја потврдија и од неговиот ПР тим.

Неколку дена подоцна Ковачевиќ е пуштен од болница на домашно лекување.

“Саша повеќе не е во болница. Тој отиде дома со совет од лекар. Тој е фино и културно момче, сите имаат само пофални зборови, а и самиот призна дека не се грижи доволно за себе. Веруваме дека се ќе биде во најдобар ред и дека на прво место ќе се стави себеси”, изјави тогаш близок пријател за српски “Курир”.

По еден месец напорна борба за да го доведе здравјето во ред, се огласи и Саша, кој им се заблагодари на сите лекари и поддржувачи за грижата.

Можеби ќе ве интересира: