Балканленд

Откриена причината за преместувањето на гробот на Балашевиќ (Фото)

Гробот на Ѓорѓе Балашевиќ, кој почива на гробиштата „Лисје“ во Нови Сад, беше преместен на десетина метри од првичното место каде што беше погребан до местото каде што беше направена семејната гробница во сенка на четинари.

„Посмртните останки на Балашевиќ беа префрлени во новоизградената семејна гробница, која во меѓувреме беше изградена со цел да биде подготвено да се оддаде почит 40 дена по неговата смрт. На тој датум беше пренесен во семејната гробница, се разбира на барање на семејството“, беше речено во ЈКП „Лисје“ од Нови Сад.

Покрај името на починатиот, има православен крст и стих од неговата песна „Портрет мог живота“: „Без црне, бела не би вредела“.

Фото: NENAD MIHAJLOVIĆ / RAS SRBIJA

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: