Балканленд

Ова се финалистите од првото евровизиско полуфинале

На првото евровизиско полуфинале кое се одржа вчеравечер од осумнаестте учесници, десет се пласираа во финалето и тоа: Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија.

Од првото полуфинале без пласман останаа земјите од регионот: Албанија, Црна Гора, Словенија но и Грузија, Финска, Исланд, Чешка, и Летонија.

Во втората полуфинална вечер ќе настапат Македонија, Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

Директни финалисти се големата петорка Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Шпанија и домаќинот Украина.ж

Втората полуфинална вечер следете ја во директен пренос во четврток со почеток од 21 часот, а големото финале во сабота со почеток во 20.55 на сите фрекфенции на Македонското радио и сите канали на Македонската радио телевизија.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: