Балканленд

Пејачката Бојана Скендеровски за нејзината нова песна „Оди си“

Македонската поп-пејачка Бојана Скендеровски го претстави својот нов сингл „Оди си“ – песна со модерен звук, многу енергија и препознатливата емоција на Бојана.

Музиката и текстот се дело на Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот го потпишува Димитар Андоновски. „Оди си“ е динамична женска песна со став и темперамент, создадена да се пее и да се игра.

„Навистина сум среќна што во последно време некако ненамерно излегуваат „женски песни“ иако тоа не би било намерата. Веројатно „Не сум ти ни мајка“ е нешто што ние жените често пати си го кажуваме за партнерите кога сме лути, така да веројатно момците треба да размислуваат на стихот „Не сум ти ни мајка“. Песната е едно ново модерно музичко парче од мене“-вели Бојана Скендеровски, музичар.

          Имено, видеоспотот за „Оди си“ на Скендеровски е снимен во Тирана, Република Албанија, а од нејзиното објавување пак, се до денес песната има над 170 гледања и слушања и над 10 убави коментари на социјалната мрежа Јутуб каде што впрочем е поставена истата.

Прилпгот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: