Хрватскиот пејач и претседател на „Домовински покрет“, Мирослав Шкоро, одлучи да се кандидира на локалните избори за градоначалник на Загреб. Шкоро и неговото движење освоија 465.704 гласа на претседателските избори во 2019 година и 16 места на парламентарните избори во 2020 година.
Претстојните локални избори ќе се одржат во мај оваа година. Шкоро својата кандидатура ќе ја претстави во сабота, 6-ти март, на Цвјетни плоштад во Загреб.
