Еден од најуспешните музичари и автори во регионот, Петар Грашо, по низата хитови кои ја освоија публиката последниве години, конечно го претставува долгоочекуваниот сингл „Jel ‘ti reka ko“.
Станува збор за расна медитеранска балада со исклучително силен и интимен текст и впечатлива интерпретација на Грашо. Во студиото на Томислав Мрдуљаш, Грашо внимателно ја усоврши песната со тимот чии песни ги освоија срцата на публиката и радио топ листите, Тончи и Вјекослава Хуљиќ.
“си Дадовме време и долго работевме на дизајнирање на аранжманот на песната, бидејќи не сакав да ја изгубам таа емоција што се случи кога Тончи Хуљиќ ја отсвире песната за прв пат”, вели Грашо.
Спотот во режија на Војан Коцеиќ е снимен во живописниот истарски хотел „Сан Роко“ и на неколку локации во Сплит.
“Истра и секако мојот Сплит имаат посебно место во мојот живот, тие се моите омилени локации на кои секогаш се враќам. Секоја има своја убавина и значење за мене, па сакав да ги снимам за новиот спот”, додава Петар.
