Балканленд

По 15-ти пат во Прилеп – “Пивофест”

Како што дознава музичкиот портал Музика24, и оваа година по 15-ти јубилеен пат ќе се одрѓи големиот летен фестивал кои многумина со нетрпение го очекуваат – “Пивофест 2017”. Информација до која што дојдовме вели дека како и секоја година, па така и оваа, овој познат македонски и балкански пиво фестивал ќе се одржи веднаш по големиот летен празник Св. Петар и Павле – Петровден, односно, од 13-ти па се до 16-ти јули.

За жал, сеуште не ги знаеме деталите и тоа кој се ќе се појави на сцената на овогодинешниот “Пивофест”, но имајќи впредвид дека оваа година фестивалот слави 15 години од своето постоење, претпоставуваме и веруваме дека ќе биде нешто посебно и досега невидено на сцената на овој фестивал. Но дотогаш има речиси уште цел месец, а ние од Музика24 кои и оваа година сме едни од медиумските покровители на овој летен фестивал, редовно ќе ве информираме за се она што е ново и поврзано со истиот.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: