Балканленд

Почина југословенската рок принцеза Слаѓана Милошевиќ

Познатата пејачка ѕвезда од Белград, Александра Слаѓана Милошевиќ почина на 68-годишна возраст во Србија.

Поп-дивата која најголемите моменти во кариерата ги постигна во 80-тите години од минатиот век почина од тешка инфекција на белите дробови во болницата во Земун. Пред три години и беше дијагностицирана ретката автоимуна Сјегренова болест.

Беше позната како пејачка која ги рушеше табуата во тогашната Југославија. Еден од поголемите хитови и беше песната „Мики, Мики“ која се уште може да се чуе и на македонските радио станици. Со песната „Амстердам“ во 1979-тата година се обиде да стигне до Евровизија, но не успеа да победи на националниот натпревар.

Својот култен статус го „спечали“ со песната „Секси дама“ со стихови и музички стил кој ја размрда и музичката и општествената сцена во комунистичка Југославија. Песната беше забранета на многу радио станици и телевизии во Југославија.

Во 1983-тата замина во Германија за да направи и интернационлана кариера, ја формираше групата „Neutral design“ и го издаде истоимениот албум со песни и на германски и на српско-хрватски јазик.

Во кариерата долга три и пол децении беше позната по бескомпромисниот пристап на поп музиката и авангардниот музички стил. Ја почна музичката кариера на 19-годишна возраст, а настапи и на легендарниот концерт на „Бијело Дугме“ во паркот Ајдучка чешма во близина на Белград. Тогаш како предгрупа го испеа хитот „Ау, Ау“.

Поп дивата на поранешната држава исто така настапи на уште домашен југословенски настап за Евровизија кога со Дадо Топиќ ја испеа песната „Принцеза“.

Можеби ќе ве интересира: