Балканленд

Погледнете: Како Северина се подготвува за концертот во Белград (Фото)

Северина ги донесе до крај подготовките на концертот кој ќе го одржи во Белград во Комбанк Арена, кој ќе се одржи на 30-ти мај. Во моментов вежба во Љубљана, каде ја собра екипата која ја сочинува Нада Бицкова светски првенец во латино и американски танци, Анже Шкруба кореограф и светски првак во степ денс, но и танц групата “Маестро”.

Костимите за концертот ги сработи Марко Митановски кој е познат по соработка со Лејди Гага и Марта Милијаниќ млада креаторка од Белград. Се шпекулира дека Северина подготвува документарен филм во кој ќе бидат забележани сите подготовки за овој концерт, но и за балканската туреја која следува.

Погледнете ја ексклузивната фотогалерија.

Seve5 Seve4 Seve3 Seve2 Seve1

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: