Во утрешното издание на дневниот весник “Вест” насловната страница премногу кажува, поради неемитувањето на директниот пренос на фестивалот за забавни мелодии “Макфест”, очигледно е дека во текот на следната недела во Македонската телевизија ќе се делат откази. Иако тие како медиум се извинија за техничките проблеми кои “случајно” започнаа пред вчерашното директно вклучување во Домот на културата во Штип, сепак тоа не е никакво оправдување за вработените на националниот медиум кој земал обврска да го емитува фестивалот директно повторно да греши, а при тоа знаејќи дека позади Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип каде всушност се одржуваше фестивалот, стоеја комбиња на МТВ со најнова софистицирана HD опрема.
Дали ова значи дека некои работи почнуваат да функционираат во МТВ и дека виновниците конечно ќе си ја добијат заслужената казна или се ќе остане на зборови, предупредувања и дисциплински мерки како и досега, тоа ќе го видиме во текот на следните неколку дена.
Подготви: Александра Блажевска
