Балканленд

Поради “Макфест” се делеа казни и откази во МТВ

По бурнатата реакција од страна на организаторите, изведувачите и јавноста, Македонската телевизија по деталните испитувања за тоа кој се бил виновен за неемитувањето на директниот преност на “Макфест” во саботата, денес правеше чистка помеѓу своите вработени – ангажирани на овој музички настан. Тие одлучиле на четворица од ангажираните да им престане работниот однос, а повеќе парични казни добија повеќемина од техничката екипа и останатиот персонал задолжен за линкови и предаватели во МТВ.

И покрај тоа што повторно во текот на денот се извинија на јавноста и на сите оние кои со душа го чекаа почетокот на финалето на “Макфест”, овогодинешното издание на фестивалот ќе остане како црна дамка во ТВ преносите на нашиот национален сервис.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: