ИТД бендот кој жареше и палеше во текот на осумдесетите години со песните: „Соња”, „Лагано умирем (у твом сечању)”, „Елена”, „Роџен у Загребу”, „Градске цуре”, „Скидам те погледом”, „Војничка”… и многу други, после триесет години објави нов студиски албум. Бендот на кој албум своевремено се има вклучено и еден од најдобрите гитаристи на светот, Алберт Ли, и во кои имаат поминато познати и популарни хрватски музичари и уметници како еден Бранко Богуновиќ Пифа, Мате Дошена, Федора Боиќ, Бранко Кежелеа-Џула, Мирослава Буданка, Дарир Липошека и многу други.
Новиот албум „Orao nikad ne leti u jatu” со оргиналниот пејач Бранислав Бекиќ го потпишува Мирослав Рус кој во меѓувреме соработуваше со најпознатите и најистакнати изведувачи во регионот (Тоше Проески, Тони Цетински, Црвена јабука, Жељко Бебек, Здравко Чолиќ…). На албумот се наоѓаат дванаесет нови композиции, и тоа оваа музичка екипа не го крие задоволството и возбудата, бидејќи ИТД бенд повторно се собра после 30 години и подготвени се за нови музички предизвици.
Петти по ред, овој студиски албум на ИТД бенд донесува спој помеѓу осумдесетите и сегашноста – времето во кое што живееме. Од музички аспект, одлично и професионално отсвирено и одлично подготвен албум, збогатен со музички настапи од домашни изведувачи, никогаш подобро направено. Мирослав Рус, вели дека овој нов албум е всушност почеток на второто полувреме во која игра ИТД бендот.

Меѓу луѓето кои ја создаваа оваа музичка приказна е и Игор Келчец кој од својата уметничка работилница беше создаден омотот за новиот албум, кој пак со одушевување воопшто не го криеше. Се покажа вистинска прилика и тој да биде дел од оваа приказна, осликувајќи ја насловната страна на новиот албум „Orao nikad ne leti u jatu”.
„Тешко е да се наброи целата екипа која го подготвуваше и работеше на новиот студиски албум, но секако, на прво место освен Бранислав Бекиќ и јас кој сепак комплетно се вложивме на новиот албум тој како пејач и јас како автор, би го споменале и Звонимир Домазет новиот член на ИТД бенд кој одлично се вклопи во екипата, на почетокот беше фан и го сакаше ИТД, знаеше да свири и да ми помогне да ја продолжиме приказната.Бранко Богуновиќ-Пиф се појавува на една песна на која и порано работеше. Навистина ми е жал што веќе него го нема, тоа е човек кој има што да каже и кога тој свири немам никаков коментар за тоа. Михаел Блум млад продуцент и тонски снимател кој заедно со нас работеше на целиот проект. Драго Јаковчевиќ, Џорџилија Палиќ, Јелена Домазет, Дарио Хорват… Што се однесува до визуелниот дел заедно со Игор Колчец, на кого што сум посебно горд, тука се и секако нашите видео соработници во прашање, Хрвоје Баниќ со кој што ги подготвувме сите наши видеоспотови, па и оние трилогиите. Со мојот Хит Рекордс кој што застана позади сето ова како проект”, изјави Мирослав Рус.
Треба да се спомене и истакне и посебниот гостин на албумот Тони Цетински, кој има дадено свој пејачки допринос во дуетот со ИТД бендот во насловната песна, која што можете да ја погледнете во продолжение:
