Балканленд

После породувањето, Преслава на сцената се враќа со голем хит (Фото + Видео)

Кон средината на септември, познатата бугарска поп-фолк пејачка Преслава за прв пат стана мајка. Таа радосната вест ја објави на социјалните мрежи, каде има голем број на фанови. Заедно со нејзиниот сопруг Павел објавија слика од малото и слатко бебе, каде меѓудругото напиша:

“Добре дошла на нашата Малечка-Палечка!”, објави Преслава на 14-ти септември.

Но освен мајчинството како нова преокупација во животот на Преслава, таа пред само неколку дена ја промовираше новата песна “Да гори в љубов” заедно со одлично подготвен видео спот, впрочем како и секогаш досега. Новата песна, за која што има голем број на позитивни коментари, е дело на Даниел Ганев, текстот го напишаа Росен Димитров и Анастасија Мавродиева. Видеото за да изгледа онака како што изгледа се погрижи познатиот бугарски режисер Љоси Иларионов, а истото е снимено со прекрасниот Lighthouse Golf & Spa Resort кој што се наоѓа во Балчик, недалеку од Варна. Во екипата која што се погрижи се да биде перфектно, ќе ги споменеме: Теди Грозданов кој ја подготви новата фото сесија на Преслава, како и Стојан Апостолов, Цецо Андреев и Момчил Спасов кој се погрижија за изгледот на преубавата бугарска пејачка.

За да не биде напразно веќе напишаното, во продолжение ви предлагаме да го погледнете најновиот видео спот на Преслава, за нејзиниот најнов хит.

Можеби ќе ве интересира: