Балканленд

Познатата музичка икона Глорија Гејнор гостинка на Егзит

Една од највлијателните светски музички икони, диско дивата најпозната по еден од најголемите хитови на сите времиња, “I Will Survive”, Глорија Гејнор ќе биде специјална гостинка на најдобриот европски фестивал.

Речиси четири децении на сцената, со дваесет објавени албуми, огромен број хитови и бројни најзначајни музички награди, милиони и милиони радиски емитувања и настапи на најважните светски настани, легендарната Глорија Гејнор со својот импресивен глас и моќна појава, на главната бина на ЕГЗИТ фестивал ќе одржи своевиден час по музичка историја. За нејзиното значење говори и фактот дека специјално за неа славните Греми награди ја креираа посебната категорија “Најдобра диско плоча”, што ја чини единствена добитничка на ова признание во историјата.

Петнаесеттото издание на најдобриот европски фестивал е во знак на големата осумдневна ЕГЗИТ АВАНТУРА која нe води на РОК@ЕГЗИТ фестивал на 11. јуни 2014. на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, на ЕГЗИТ фестивал, кој на истото место се одржува од 10. до 13. јули, како и на СИ ДЕНС фестивал од 15. до 17. јули на плажа Јаз, една од најубавите плажи на Јадран.

ЕГЗИТ годинава ја освои најпрестижната фестивалска награда, Најдобар европски фестивал, со помош на повеќе од 620.000 луѓе од целиот свет, во конкуренција од 360 фестивали од 34 земји.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: