Балканленд

Макфест 2014: Познати финалистите за големото финале (Фото)

Со мотото “Слушајте македонска музика”, заврши првата полуфинална вечер од 29-то издание на Фестивалот за забавни мелодии “Макфест”, кој што се одржува во Штип. По ревијалниот дел и гласањето во меѓувреме, новите водители Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски ги прогласија и соопштија финалистите кои влегуваат во големото саботно финале. Тие се:

  • Јоце Панов – “Само немој да молчиш”
  • Александар Белов – “Дојди ми ти”
  • Емил Арсов – “Сите знаат”
  • Мики Секуловски – “Како да преживеам”
  • Симона Поповска – “Како да заборавам”
  • Дарко Илиевски – “Кога најмногу ми требаш”
  • Маја Вукичевиќ – “Остани”
  • Викторија Лоба – “Само мој” и
  • Лена Заткоска – “Ти не знаеш”

Makfest_rezultati prva vecerСе надеваме дека токму Вашиот фаворит и музички идол од оваа прва макфестовска фестивалска вечер влезе во финалната вечер. “Макфест” утре продолжува со нови композиции и нови изведувачи. И утре МРТ ќе врши директен пренос на својот прв програмски сервис.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: