Некогаш многу познатиот балкански пејач Даниел кој во 1983-та ја претставуваше тогашна Југославија на Евровизија со песната “Џули”, во неодамна дадено интервју за хрватската емисија “Ин Магазин” искрено проговори за својот приватен живот, но и за новите музички планови. Даниел Поповиќ како што и сите ние го знаеме, малкумина знаат дека неговото вистинско име е Милан Поповиќ, а доаѓа од Црна Гора. Верувале или не, тој досега се женел четири пати, а моментално е со сегашната сопруга Александра со која што е веќе осум години живее и работи во Љубљана, Словенија. Тој во интервјуто за “Ин Магазин” вели:
“Кој има пари тој царува. Се се врти околу парите. Денеска љубов не можеш да добиеш со трепкање со очињата. Мислам дека Александра не е задоволна со мене. Маж во една врска мора да биде столб на секое семејство, тоа во мојот живот се промени – сега таа е онаа која ја има “онаа работа меѓу нозете”, ајде така некако да речеме, изјавува Даниел.
“Се најдов во таква ситуација, не можеш никаде да отидеш, затоа што за тоа ти требаат пари, немоќеш да си го видиш детето за кое плаќаш алиментација. Мајка ми почина, не можев на гроб да отидам, татко ми почина не можев на гроб да отидам, и тетка ми почина неодамна во Белгија и не можев да отидам на гроб. За се треба да имате пари”, додава тој за хрватската емисија. Тој меѓудругото во интевјуто открива дека по десетина години музичка пауза, повторно се активира и ќе издаде нов албум. Тој самиот вели деке е социјален случај, бидејќи веќе десет години не добил ни евро од авторските права од неговата музика.
Подготви: Марија Поповска
